Loading Video...
Свет
23. November 2021 - 17:05

Преглед на најтешките автобуски несреќи во последните десет години

Денешната автобуска несреќа во Бугарија во која загинаа 45 лица меѓу кои 12 малолетни деца е најтешката автобуска несреќа во Европа во последната деценија јави Франс.прес. 

Агенцијата подолу во извештајот ги издвојува најтешките автобуски несреќи кои се случиле изминатите 10 години. 

Во Португалија пред две години 29 германски туристи загинаа откако нивниот автобус излетал од патот кон ресторан на планинскиот остров Мадеира. Истата година во Русија загинале 19 лица кога автобус падна од мост во замрзната река. Во Турција во 2018 година загинале 17 мигранти, а 36 се повредени откако се запали автобус поради удар во столб. Меѓу загинатите најголем дел биле Иранци, Авганистанци, Пакистанци кои нелегално биле превезувани преку Турција. Истата година во Бугарија 20 аџии го загубија животот откако  автобус се преврте во услови на силен дожд. Во 2017 година најстрашните автобуски несреќи се случиле во Германија, Италија и Русија во кои вкупно загинаа 50 луѓе. Пред 6 години пак најтешката автобуска несреќа се случила во Франција кога загинале 43 лица кога автобус полн со членови на пензионерски клуб се судри со камион и се запалил. Во 2014 година пак во Турција цистерна што превезувала течен нафтен гас се превртела и експлодирала на автопат при што загинаа 26 лица во два автобуси што минувале и ги зафатил пламенот. Истата година загинале уште 21 лице кога автобус се превртел на замрзнат пат. 

Најголемата автобуска несреќа во 2012 била во Швајцарија кога загинале 28 лица меѓу кои 22 деца. Пред 10 години пак најголемата несреќа се случила во Турција кога 25 лица, главно ученици го загубиле животот кога камион натоварен со цигли се судрил со автобус.