Македонија
20. August 2020 - 21:55

Преглед на денот

Американската амбасадорка во земјава очекува да продолжи соработката со новата Влада.

-Да продолжиме со важната агенда која ќе ја имаме за евроатлантската интеграција и силна соработка меѓу двете држави, како и борбата против пандемијата, рече амбасадорката Кејт Мери Брнз.

Разочарувачка влада соистрошени и компромитирани кадри. Ова е ставот на опозицијата за новиот владин кабинет.

-Владата на Заев е доказ дека неспособноста, некадарноста и криминалот за жал во Македонија продолжува да владее, вели Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија, пак, смета дека кабинетот е составен од одговорни, чесни, отчетни и професионални кадри.

-Мандатот од четири години е период во кој ќе гледаме како државата во сите сегменти се трансформира на подобро, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Советникот во општина Охрид Нефи Усеини и неговиот брат заработија 8-дневен притвор поради насилство откако со закана со пиштол претепаа сограѓанин пред неговиот малолетен син.

-Пиштолот го впери кон 14-годишно дете, кон син ми. Прво во нозе, па во град. Потоа скокнаа со брат му и уште двајца за да ме тепаат, вели охриѓанецот Спиро Топаловски.

118 новозаразени, тројца починати и 127 оздравени е денешната статистика. Во текот на изминатото деноноќие направени се 1.653 тестирања. Во Македонија во моментот има 2.888 активни случаи.

Финска целосно ги суспендираше сите летови кои доаѓаат од Македонија откако за само 10 во четири лета 60 патници излегоа позитивни на тестовите. Најголем дел од нив се косовски државјани.