-->
-->
Прегазил малолетник во Скопје и избегал со автомобилот
-->
Тринаесет годишно момче се здобило со повреди откако вчера вечерта било удрено од автомобил во Скопје.
Несреќата се случила вo 20 часот на крстосница од бул.Никола Карев и ул. 362 кога автомобил ,,Фолксваген голф“, сопственост на И.Т од Скопје, управувано од засега непознато машко лице, удрил во Л.А (13) од Скопје.
- Возачот со возилото го напуштил местото на настанот.По незгодата , Л.А.се упатил во неговиот дом, а потоа негов роднина го однел во Градска општа болница ,,Свети Наум Охридски“ каде му се констатирани повреди, а по укажаната лекарска помош е пуштен на домашно лекување. За сообраќајната незгода известен е Јавен обвинител, информираат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Германија финансира дронови за Украина
-
Зеленски одликува 226 украински војници
-
ЕК демантира дека Фон Дер Лајен имала „долг“ разговор со Вучиќ
-
Србија заостанува зад другите кандидати за членство во ЕУ, тврди данската министерка за надворешни работи
-
Муртезани: Реформите и заедничкиот пазар се наш компас кон стабилност, единство и иднина
-
Повредени две лица во сообраќајка во Куманово
-
100 килограми марихуана запленети во Струмица | ФОТО
-
Пронајдени двајца починати мажи во тетовско