Поранешниот шампион на Дакар релито Андреј Каргинов е дисквалификуван е од овогодинешната трка во конкуренција на камиони, бидејќи со своето возило удрил набљудувач, а потоа не запрел и не покажал интерес за неговата состојба.
Рускиот возач Андреј Каргинов направил хаос во текот на последната етапа на познатото „Дакар Рели“ кога од непознати причини влетал меѓу помала група на луѓе среде пустина и еден од нив тешко го повредил.
Во прашање е Јужноафриканец кој единствено не успеал да побегне од тркалата на камионот под кои паднал и заработил скршеница на потколеницата. Тој со тешка повреда е транспортиран во болнциа во најблискиот град Арекипи, во Перу, инаку земјата домаќин на годинешното 41. по ред издание на релито.
Организацијата на славното рели одлучи да го дисквалификува Русинот кој до тогаш имал две етапни победи и бил трет во пласманот.
60-годишниот набљудувач од Јужна Африка ја набљудувал трката од необезбедена област кога со камион го удрил Каргинов. Судиската комисија натпреварувачот го исклучила од релито зошто не застанал и не ја констатирал состојбата на повредениот, соопшти управата на Дакар релито.
Моментот кога Каргинов налетува на групата гледачи почнува од 05:09 минута од снимката.