Македонија
2. September 2019 - 10:44

Прегазено девојче во Кавадарци

Вчера во 18.30 часот на ул.„9 Бригада“ во Кавадарци, патничко возило „пежо“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Т.М.(19)од Кавадарци, удрило во девојче од Кавадарци, кое се здобило со повреди и било пренесено во болницата во Кавадарци.

Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Кавадарци.