Прегазени две девојчиња на пешачки премин во Штип
Две девојчиња на возраст од 16 и 17 години се прегазени на пешачки премин покрај Средното општинско училиште СОУ „Коле Нехтенин“- Штип.
Несреќата се случила утринава пред 7.30 часот, каде во нив удрило возило со марка „цитроен“ со германски регистарски таблички, управувано од 28 годишен штипјанец.
Според првичните информации од СВР-Штип, едно од девојчињата се здобило со тешки телесни повреди и скршеница на карлицата. Со возило на Брзата помош, двете девојчиња се пренесни во штипската Клиничка болница, од каде што очекуваме подетални информации.
Двете девојчиња се ученички во СОУ „Коле Нехтенин“, кои утринава преминувале на пешачкиот премин на булеварот „Гоце Делчев“ за да пристигнат до своето училиште.
Пред неколку години овој булевар пред регионалното електро-машинско училиште беше ризична сообраќајна точка. Постојано се случуваа несреќи во кои страдаа ученици и пешаци преминувајќи го булеварот, по смртниот случај на еден средношколец, Општината го изгради кружниот тек и постави нов пешачки премин и сигнализација, за поголема безбедност на пешаците, бидејќи претходно возачите своите возила ги управуваа со голема брзина.
Повеќе детали околу оваа несреќа во текот на денот, најавуваат од СВР-Штип и Клиничка болница-Штип.
Ново на Сител
-
ДЗР: Нефункционални објекти, дотраена опрема и изгубена можност за остварување дополнителни приходи на спортската сала „Борис Трајковски“
-
Кремљ: Путин прифати средба со Трамп
-
Казнети 46 возачи на електрични тротинети
-
Уапсени двајца возачи, возеле со по 1,93 и 1,59 промили алкохол во крвта и предизвикале сообраќајни незгоди
-
Лишени од слобода две лица во скопско Рашче, пукале на свадба
-
Билки штетни за во спалната соба
-
Зидан ќе ја предводи Франција по СП 2026
-
Четвртфинале за младиот македонски тенисер Алексовски