Македонија
14. August 2019 - 10:59

Прегазена жена во Скопје, со тешки повреди пренесена на Клиника

Синоќа во 19,50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Македонско Косовско бригада“ патничко моторно возило “Пежо“ со скопски регистарски ознаки управувано од В.М.(67) од Скопје удрило во З.А.(59) од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.А., која била пренесена во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје.