Македонија
2. March 2017 - 12:09

Прегазена жена во Штип, со тешки повреди примена во болница

Вчера во 17.45 часот во Штип, на ул. „Панче Караѓозов“ се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило „Сеад Толедо“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Н.П. (49) од Штип, удрило во пешакот Р.Ѓ. (63) од Штип. 

Во незгодата Р.Ѓ. се здобила со тешки телесни повреди , по што била пренесена во Јавната здравствена установа – Клиничка болница Штип каде и била укажана лекарска помош и била задржана на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Штип.