Прегазен работник на комунално претпријатие во Боговиње
Работник во комунално претпријатие на 40 години бил прегазен од 55-годишен колега, двајцата вработени во општина Боговиње. Несреќата се случила претпладнево околу 11 часот на локалниот пат што минува низ селото Пирок.
– Во Секторот за внатрешни работи Тетово пријавена е сообраќајна несреќа со смртни последици, што се случила на локалниот пат во тетовското село Пирок. Товарно моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски таблици, сопственост на Јавното комунално претпријатие „Шари“ од Боговиње, што го управувал 55-годишниот А.Ф. од Боговиње, движејќи се наназад, удрило во 40-годишниот О.М. од истото село, вработен во ЈКП„Шари“. Од удирањето, О.М. добил тешки телесни повреди од кои починал на самото место, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.
По настанот Јавниот обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид. Истрагата продолжува и со други мерки за целосно расчистување на сите поединости поврзани со несреќата.
Ново на Сител
-
Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Нетанјаху, Галант и лидерот на Хамас
-
Јаневска: Францускиот јазик е дел од нашата историја, но исто така и нераскинлив дел од нашата европска иднина
-
Инцидент во Собранието помеѓу Апасиев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ | ВИДЕО
-
35 годишник со мотор прегазил малолетно девојче, па удрил во автомобил во Тафталиџе
-
Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје
-
Утре студен бран со дожд, снег и ветер
-
Малолетен ученик физички повредил соученик во велешкото ООУ„Блаже Конески“
-
ДКСК: Законите важат подеднакво за сите