Македонија
25. јуни 2025 - 13:27

Прегазен пешак во Гостивар

На 24.06.2025 околу 15.15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Панче Попоски“ во Гостивар, патничко возило „опел вектра“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од М.Н.(46) од Гостивар, удрило во пешакот А.В.И.(41) од с.Форино, гостиварско, соопшти МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицинскиот центар во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.