-->
-->
Прегазен маж лежи на булевар Србија во скопски Аеродром
-->

Загина пешак во сообраќајна несреќа која пред малку се случи во населбата Ново Лисиче. Според првичните информации, камион со скопски регистарски таблици удрил во пешакот на булевар „Србија“ во наслебата Ново Лисиче.
Товарното возило најверојатно го удрило човекот кој го минувал булеварот кај пешачкиот премин помеѓу двете бензиски станици на самиот булевар и во непосредна близина на полициската станица во Ново Лисиче.
Полицијата веднаш пристигнала на местото и се врши увид. Сообраќајот на ова место е во застој и се одвива отежнато.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Ново предупредување од опасност од поплави во Непал
-

Висоцки: Во руските напади уништени се 90 проценти од логистиката на малопродажните синџири за храна во Украина
-

Велковски: Пензиите ќе се зголемат за 3 до 3,5 проценти, конечниот износ ќе се знае следната недела
-

Трамп му објави војна на „одвратниот монопол“ на американските преработувачи на храна
-

ЦУК: Осум активни пожари, три под контрола
-

Работник на телекомуникациска компанија паднал од бандера и починал во Елшани
-

Приведена 23-годишна жена во Македонска Каменица – ја нападнала свекрвата, па фрлила нож кон свекорот
-

Венецуелка нападната во апартман во Скопје, напаѓачот ѝ одзел два телефона
