Бизнис
30. March 2022 - 19:46

Предупредувачки протест на КСС

Без социјална правда нема социјален мир – со оваа порака Конфедерацијата на слободни синдикати излезе на предупредувачки протест пред Собранието и пред Владата. Побараа доследно почитување на законите за покачување на сите плати во согласност со зголемената минимална плата.

Синдикалците повикаа Владата да не излегува со нови решенија за линеарно зголемување на платите затоа што тое е спротивно на законите.

Во услови на криза, синдикалците велат први страдаат работниците и затоа бараат Владата да има предвид дека растечките цени најмногу влијаат на луѓето со мали плати.

Денешниот протест на КСС е предупредувачки, велат следниот чекор е генерален штрајк. Одлука за штрајк веќе донесе СОНК и од 11 април, ако договор нема училиштата и градинките ќе останат затворени.