ОН предупредува на „катастрофални последици“ ако Израел ја прошири воената операција во Газа
Висок функционер на ОН денеска предупреди дека проширувањето на израелската воена операција во Појасот Газа би имало „катастрофални последици“.
-Меѓународното право е јасно по ова прашање - Газа е и мора да остане составен дел од идната палестинска држава, рече Мирослав Јенка, заменик-генерален секретар на ОН за Европа, Централна Азија и Америка, за време на вонредниот состанок на Советот за безбедност за конфликтот.
Во меѓувреме, израелскиот опозициски лидер Јаир Лапид предупреди на социјалната мрежа „Х“ дека таквите намери на владата на Бенјамин Нетанјаху „ќе доведат до смрт на сите заложници“. Тој посочи дека преостанатите израелски заложници што ги држи Хамас во Газа ќе умрат од глад, тепања, тортура, па дури и за време на израелската воена операција ако армијата преземе акција за заземање на целата енклава.
Од 250 лица киднапирани од палестинската група за време на нападот на 7 октомври 2023 година, се проценува дека 50 сè уште се држат во Појасот Газа, а се верува дека околу 20 од нив се сè уште живи.
МИА
Ново на Сител
-
Голема историска средба Трамп-Путин на Алјаска, Зеленски очекува покана за следната средба
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Голем пожар во Јажинце
-
Стојановска: Прагот од 0.95% потребни потписи е потценување на независните
-
Самит САД-Русија посветен на иднината на Украина на Алјаска
-
Два критични пожари во околината на Скопје
-
Цвета Ристовска е нов заменик претседател на Антикорупциска
-
Покана за распит на Билјана Ивановска