Предновогодишните забави со колегите често завршуваат со секс
Најновото истражување на шведската компанија за секс-играчки, ЛЕЛО, покажало дека предновогодишните забави со колегите често завршуваат со секс на некој од нив. Истражувањето покажало дека 40 отсто од луѓето имале секс со колега или колешка, а 83 отсто од нив би го повториле тоа. Истото истражување покажало дека во најголемиот број случаи луѓето не користеле заштита при сексот.
„Употребата на кондом е најважната работа во борбата против половите заболувања и несаканата бременост“, рекол Стив Томсон, извршниот директор на компанијата.
Како најрасположени за секс со колегите се покажале вработените во продажба, на второ место биле здравствените и транспортните работници и службениците во логистика. Околу 52 отсто од оние што имале секс со колегите велат дека чувствувале неодолива привлечност кон колегата/колешката, а 31 отсто од нив немаат објаснување зошто имале секс.
Дури 97 отсто од луѓето што имале секс со колега или колешка велат дека единствена негативна последица е срамот во канцеларијата утредента, но дека и тоа е минливо. Само 5 отсто признаваат дека играта започнала токму на забавата, што значи дека повеќето однапред планирале или очекувале секс со колегата. Само 18 отсто од испитаниците откриле дека тоа го сториле со надредена личност.
Ново на Сител
-
Скопје втор најзагаден град во Европа и деветти во светот
-
Денеска се слави Свети Никола
-
Ќе се снимаат игран филм, документарец и ТВ-серија посветени на Тоше Проески
-
Тошковски во Турција на средба со министерот за внатрешни работи Али Јерликаја, потврдена одличната соработка меѓу братските народи
-
Во Берово и Тетово измерени - 3, во Виница и Крушево 3 степени Целзиусови
-
Зеленски во Брисел разговараше со Макрон за распоредувањето војници во Украина
-
Во Собранието ќе заседаваат три комисии
-
Втор ден од посетата на премиерот Мицкоски на Брисел