Предновогодишна средба на штипскиот граѓански сектор
Годината што изминува беше во знакот на младинското ангажирање заклучија претставниците на граѓанските организации во Штип, кои присуствуваа на новогодишното дружење што здружението „Медиа плус“ го организираше во Граѓанскиот ресурсен центар–Штип.
На средбата на која присуствуваа околу 30 претставници на граѓански организации, млади, волонтери и граѓани, дел од присутните ги споделија своите успешни приказни за 2018 година. Зоран Зарински од Еколошкото друштво „Виножито“ го истакна придонесот на нивните млади членови и волонтери, со оценка дека најголемиот дел од своите активности ги базираше на младинскиот ангажман.
Со младите и со акцент на кариерното насочување изминатата година помина и за Инфо клубот и Симона Јордановска, која доби и професионален ангажман во организацијата.
Оценка на штипскиот граѓански сектор е дека светла точка на годината беше отворањето на Граѓанскиот ресурсен центар во Штип, кој со својата активност е значајна поддршка и помош за граѓанските организации. Граѓанскиот ресурсен центар за прв пат додели и сертификати за граѓанските активисти, кои поминаа повеќедневна обука за пишување проекти.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
-

Антикорупциските закони добри само на хартија - само двајца функционери пријавиле подароци
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Преглед на вестите од светот

