-->
-->
Предновогодишна донација на социјално загрозени семејства од Делчево
-->

Здржението на граѓани „Луѓе по патот“ денеска на 18 семејства во социјален ризик од Делчево им додели хуманитарна помош во облека, храна, средства за хигиена, греалки и 30 новогодишни пакетчиња.
Според Константин Кајшаров од Здружението, со донацијата почнува кампањата чија порака е блиските да се сакаат и тоа да се покаже со вистински дела.
- Нашата цел е да им помогнеме на луѓето со различни проблеми, кои се во социјален ризик, кои се соочуваат со беда и сиромаштија, имаат здравствени проблеми, пречки во развојот и тоа го правиме како одлика на љубов кон човештвото, а таа одлика е основен израз на нашата вера како христијани, истакна Кајшаров.
Директорот од Центарот за социјални работи од Делчево Александар Николов, апелира овој пример да го следат и другите невладини организации, инситуции и поединци, со што ќе докажат дека се општествено одговорни.
- Центарот за социјални работи е отворен за соработка со сите што имаат социјална одговорност кон заедницата и кон оваа ранлива категоријаграѓани кои не по своја воља се наоѓаат во сцијален ризик. Апелирам до сите кои можат да помогнат, тоа и да го направат, рече Николов.
„Луѓе по патот“ најави ваква помош и за семејства во социјален ризик во другите градови од Источна Македонија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Јаневска: Студентите повеќе нема да бркаат глувци и да им се тресат лифтовите
-

Протест на вработените во секторот игри на среќа - ако се донесе законот, ќе останеме на улица
-

Како да ја заштитиме биолошката разновидност?
-

Четири лица загинаа во тешка сообраќајка пред Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е слуга на бугарските интереси
-

СДСМ: Уставни измени веднаш
-

Академик Стојков, вистината против пропагандата
-

Пожарникарите во пресрет на летото подготвени
