Предновогодишен концерт на три воени оркестри
Во Домот на Армијата во Скопје вечер ќе се одржи трилатерален предновогодишен концерт, на кој како заеднички оркестар ќе настапат припадници од воените оркестри од армиите на Македонија, Албанија и Хрватска.
На концертот, кој оваа година се одржува под мотото „Звукот на соработката, звукот на Алијансата“, како што информираат од Генералштабот на Армијата, ќе бидат изведени нумери од познати светски автори, меѓу кои и Мередит Вилсон, Дјук Елингтон, Наохиро Иваи и Дмитри Шостакович.
Концертот ќе биде директно пренесуван на првиот програмски сервис на македонската национална телевизија МТВ 1 со почеток во 20:00 часот.
На трилатералниот предновогодишен концерт се очекува да присуствуваат претседателот Стево Пендаровски, премиерот Зоран Заев, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, повеќе министри во Владата, пратеници во Собранието, амбасадори и претставници на воено-дипломатскиот кор акредитирани во земјата, претставници на верските заедници, активните и пензионирани генерали во Армијата, припадници на Министерството за одбрана и Генераштабот, припадници од сите команди и единици на Армијата и други гости.
– Ова е втора година по ред како во пресрет на новата година воениот оркестар на Армијата на Република Македонија во духот на соработката со оркестри од армиите во регионот одржуваат заеднички едночасовен концерт. Минатата година заедничкиот настап беше со воените оркестри на Република Бугарија и Црна Гора, соопштуваат од Генералштабот.
Ново на Сител
-
Чешка и Словенија испраќаат помош за справување со пожарите во Северна Македонија
-
За еден ден ќе почне првичната селекција на лицата кои треба да бидат ангажирани како пожарникари
-
Трамп ѝ даде на Русија нов рок од 10-12 дена за завршување на војната во Украина
-
Скопјанецот Зоран Настевски совлада “бомбаш самоубиец“ на лет од Лутон кон Глазгов | ВИДЕО
-
71-годишен кумановец загина во сообраќајка при судар со товарно возило
-
Кривична пријава против две лица од Велешта кои му се заканувале на пратеник од Струга
-
ЦУК: 15 пожари на отворен простор, девет активни и шест под контрола
-
Од ноќеска нестабилно со пороен дожд и грмежи и услови за краткотрајно невреме, особено во четврток