Свет
2. July 2016 - 10:42

Предноста на Хилари Клинтон пред Доналд Трамп се стопи на девет поени

Предноста на кандидатката на Демократиската партија за американски претседател, Хилари Клинтон, пред нејзиниот соперник од Републиканската партија, Доналд Трамп, опадна на помалку од десет отсто, за првпат во последните две недели, покажуваат податоците од најновата анкета на институтот Ипсос.

Анкетата, спроведена от 27 јуни до 1 јули, покажува дека Клинтон води со 9,4 проценти. Во претходното истражување на јавното мнение нејзината предност изнесуваше 11,2 проценти.

За Клинтон се изјаснуваат 43,9 проценти од анкетираните, за Трамп - 34,5, додека 21,7 проценти не поддржуваат ниту еден од двајцата кандидати.

Клинтон е популарна меѓу младите луѓе и малцинствата, како и меѓу луѓето со високо образование. Трамп, пак, е поддржан од белците, луѓето со ниско ниво на образование, пензионерите и честите посетители на црковните служби.

Анектата е изведена меѓу 1.080 лица. Маргината за статистичка грешка изнесува 3,5 проценти.