-->
-->
Предложено пописот во Црна Гора да се одржи во првата половина од ноември
-->
Комисијата за економска политика и финансиски систем на Владата на Црна Гора предложи пописот на населението да се одржи од 1 до 15 ноември годинава.
Како што информираат од Владата за РТЦГ, датумот зависи од утрешната владина седница и дали ќе има некакви промени, но тие не се очекуваат. Со седницата на Владата ќе претседава премиерот во техничкиот мандат Дритан Абазовиќ. На 12 декември минатата година Собранието со гласовите на пратениците од парламентарното мнозинство го донесе Законот за попис на населението.
Тројца пратеници беа против донесувањето на тој акт, а еден воздржан. Министерот за финансии Александар Дамјановиќ претходно изјави дека пописот на жителите, домаќинствата и становите може да се одржи најрано во мај следната година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови