Предложен притвор за жител на Петровец кој ги нападнал своите родители
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 39-годишен жител на Петровец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело „телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1“ од Кривичниот законик.
Како што информира ОЈО, вчера при вршење семејно насилство тој телесно го повредил неговиот татко. По кратка вербална расправија, започнал агресивно да се однесува, да го удира татко му со шлаканици по лицето, а потоа се нафрлил и кон својата мајка, ја турнал на подот и почнал да ја влече за нозете по подот, па ја однел кон кујната и врз неа истурил шише вода.
-Имајќи предвид дека против истиот осомничен веќе е поднесено обвинение за продолжено семејно насилство и нанесување тешка телесна повреда на неговата сестра, предмет кој е во фаза на судење и во кој му се определени мерки на претпазливост кои обвинетиот очигледно не ги почитува, јавниот обвинител сега побара на осомничениот да му биде определена мерка притвор, соопшти ОЈО.
Ново на Сител
-
Совети за долготрајна свежина на цвеќето
-
Германскиот берзански индекс DAX падна за 10 проценти
-
Викендов казнети 2.553 возачи, од кои 543 за брзо возење
-
Каја Калас на тридневна турнеја низ Западниот Балкан
-
Во Велес одржани второ коло од Европскиот куп во кајак на диви води и класик трката од Југоисточна Европска лига
-
Најбогатите селебрити во 2025 година
-
Мбапе за понудите од други клубови: Мислев само на Реал
-
Приведен кумановец кој возел со 2.34 промили алкохол во крвта