Предложен притвор за осомничен за четири тешки кражби

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 20-годишник за кого постои основано сомнение дека минатиот месец извршил четири кривични дела „тешка кражба“.
Како што соопшти Јавно обвинителство, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Лицето на 6 мај годинава со алат и физичка сила ја скршило вратата од кафе-бар во еден трговски центар и одзело повеќе шишиња алкохолни пијалоци во вкупна вредност 25.664 денари.
На 23 мај по полноќ, тој исто така насилно влегол во билијард клуб и од касата одзел 28.692 денари.
Потоа на 25 мај наутро одзел уште 2.000 денари од касата во продавница во која влегол кршејќи ја вратата, а еден ден подоцна, на сличен начин, 2.000 денари одзел и од кутијата за пари во автомат за кафе во сопственост на правно лице.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
-

Камионџиите ќе ги блокираат границите – како тоа ќе влијае на секојдневието на граѓаните?
-

Охридските хотелиери и угостители нудат примамливи понуди за Богојавление
-

Над 140 лица заинтересирани за скокање по светиот крст – манифестацијата утре почнува во 9 часот
-

Нова метода за лекување на мозочен удар во Прилеп, најважно е да се делува во првите 4 часа од ударот
