Предлог-законот за класифицирани информации пред пратениците
Со Предлог-законот за класифицирани информации во прво читање, треба да почне денешната 90. собраниска седница.
Освен оваа точка, на дневен ред се и Предлог-законот за Агенција за национална безбедност, Предлог- законот за координација на безбедносно-разузнавачката заедница, Предлог-законот за изменување на Законот за следење на комуникациите и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, сите во прво читање.
На седницата треба да се расправа и по предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за странци, за изменување и дополнување на Законот за работните односи, за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги, за електронско управување и електронски услуги, за Централен регистар на население, сите во прво читање.
Пред пратениците се и иземните на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата кои треба да се донесат по скратена постапка.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци