Предлог-законот за ДДВ на Комисијата за финансирање и буџет

Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност во второ читање денеска ќе биде пред членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.
Предложената законска измена е со цел да се избрише ослободувањето од данок на додадена вредност за увоз на пратки со мала вредност испорачани од странство за примачи во земјата чија вкупна вредност по пратка не го надминува износот од 22 евра во денарска противвредност, а се пропишува ослободување од плаќање на данок на додадена вредност за добра пратени како мали пратки од некомерцијална вредност, од физичко лице на физичко лице, чија вредност не надминува 22 евра, ослободувањето не се применува за алкохол и алкохолни пијалоци, парфеми и тоалетна вода и тутун и преработки од тутун.
На дневен ред на седницата на Комисијата е и Предлог на законот за претворање на побарувањата на Република Северна Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во Јавното претпријатие за стопанисување со објектите за спорт во сопственост на Република Македонија - Скопје, во второ читање.
МИА
Ново на Сител
-

Предлог-законот за ДДВ на Комисијата за финансирање и буџет
-

Јавна расправа за планот за дијаспората, Муцунски ќе ги претстави клучните области
-

Пленарна конференција на Националната конвенција за ЕУ
-

Брнабиќ најави поднесување амандман со што ќе се овозможи преземање на НИС
-

Трамп: Мировниот план за Украина е флексибилен, Москва се согласи на отстапки, а конечниот рок е „кога сè ќе заврши“
-

Од денеска до сабота облачно со повремен дожд
-

Зеленски: Украина е подготвена за мировен договор со САД и Европа
-

Радост на сопственото постоење | Симона Петреска | Sitel Podcast 127
