Македонија
16. јуни 2016 - 8:45

Предавање на д-р Михаило Поповиќ во МАНУ

Истражувачкиот центар за проучување на културното наследство при Македонската академија на науките и уметностите денеска организира предавање на д-р Михаило Поповиќ, насловено „Султанијата Мара и Македонија во XV век, според нови истражувања“. 

Михаило Поповиќ е научен соработник на Институтот за проучување на средновековната историја при Австриската академија на науките.

За придонесот на Виенската византолошка школа во проучувањето на културната историја на Македонија ќе зборува академик Цветан Грозданов.