Пред Собранието мирно, во протестите повредени над 100 лица
Безбедносната состојба во централното градско подрачје, околу и во Собранието од ноќеска по полноќ е нормализирана со воспоставување на нарушениот јавен ред и мир, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите на МВР во протестите се повредени 109 лица.
Како што стои во соопштението до 23.30 часот во Градската општа болница 8-ми Септември, Градска болница „Св Климент Охридски“ и Клинички Центар лекарска помош побарале 70 граѓани, 22 полициски службеници и тројца пратеници. Дополнително во Касарната Ѓорче Петров лекарска помош укажана е на уште седум лица.
Од МВР наведуваат дека поради претходната безбедносна состојба МВР-СВР Скопје ќе преземат дополнителни мерки и активности со цел заштита на сигурноста на граѓаните, објектите и обезбедување стабилна и поволна безбедносна состојба.
Според информациите од МВР во Собрание на Република Македонија по полноќ немало повеќе граѓани, а граѓаните кои протестирале биле надвор од Собранието
Ново на Сител
-
24-годишник починат во када
-
Трамп ја врати Куба на листата на земји спонзори на тероризам
-
Пациенти на Онкологија останаа без биолошка терапија
-
Слот: Прерано е да се каже дека Ливерпул е најдобриот тим во светот
-
Арсенал бара напаѓач: Осимен е опција за „топџиите“
-
Алонсо со коментар за гласините кои го поврзуваат со Реал Мадрид
-
Симеоне: Нашата цел е финалето во Лигата на шампионите
-
Пипен: Освоив шест титули, поуспешен сум од Леброн