Македонија
6. July 2017 - 11:41

Пред неколу минути нов земјотрес го стресе Охрид

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, 
денес 6.7.2017 год., регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 10км источно од Охрид. Земјотресот се случи во 11 часот и 12 минути и беше со Рихтерова магнитуда 3.8. 
 
Според досегашните податоци земјотресот е почувствувн во епицентралното подрачје со интензитет од V степени според Европската Макросеизмичка Скала.