Пред нас се неколку години со екстремно високи температури - предупредија најголемите метеоролошки служби во светот
Треба да се подготвиме за неколку години голема жештина со рекордни температури што ја туркаат Земјата кон уште посмртоносни, непријатни екстреми, предупредија денеска двете најголеми метеоролошки агенции во светот во петгодишната прогноза.
Постои 80 проценти шанса светот да урне уште еден годишен рекорд за температура во следните пет години, а уште поголема е веројатноста светот повторно да ја урне границата од 1,5 степени што беше поставена пред една деценија како онаа што мора да се избегне, според прогнозата на Светската метеоролошка организација и Британската метеоролошка служба.
За првпат, постои шанса - иако мала - пред крајот на оваа деценија, глобалната температура да ја пробие границата на затоплување од 1,5 степени Целзиусови поставена со Парискиот договор за климата и да достигне многу поопасно ниво од 2 степени Целзиусови, објавија двете агенции.
Тоа ниво на затоплување е определено од температурата од средината на 19 век.
Постои 86 проценти веројатност дека во една од следните пет години ќе биде пробиено нивото на затоплување од 1,5 степени, како и 70 проценти веројатност дека следните пет години ќе бидат потопли од тоа ниво во просек, се додава во прогнозата.
Во изработката на прогнозата учествуваа 200 лица кои користеа компјутерски симулации во 10 глобални научни центри.
Ново на Сител
-
Сообраќајна несреќа кај патот Гостивар-Тетово, едно лице загинато и пет повредени
-
Дарио Ивановски победник на полумаратонот на годинашното издание „Охрид трчаТ“
-
Голема количина отпад изваден од дното на Охридското Езеро кај Радожда
-
Кина го обвинува американскиот министер за одбрана за „провокативни“ изјави во Сингапур
-
Железничката станица во Нови Сад ќе биде урната, реконструирана или делумно користена
-
Малолетник тешко повреден во сообраќајна несреќа во Кавадарци
-
УХМР: Следува период на сончево и топло време, дневната температура во сабота до 37 степени
-
Двајца мртви во Франција за време на прославата на победата на ПСЖ во Лигата на шампиони