Пред две години му го покажа меѓуножјето на Ивица Дачиќ, а еве како изгледа и што прави денес
Поминаа две години откако тогашниот премиер црвенееше пред камерите зјапајќи во голото меѓуножје на водителката Бранка Кнежевиќ, ѕвездата на оваа скриена камера. Денеска 37-годишната водителка открива каков е нејзиниот однос со Ивица Дачиќ и како таа емисија и го промени животот.
Бранка денес живее во Нови Сад и се занимава со приватен бизнис, од време на време снима реклами, а најмногу се фокусира на фудбалската „кариера“ на шестгодишниот син.
-Таа скриена камера беше многу гледана и ми помогна луѓето во Србија да ме препознаваат. Јас и пред снимката имав интернационална кариера како манекенка, но овде не ме познаваа, вели таа за српски „Информер“.
Вели дека Дачиќ не го видела од снимањето на скриената камера, но верува дека би имале пријатна средба.
-Од тогаш поминаа две години и никогаш не сме се сретнале. Би сакала да го видам! Верувам дека тоа би била пријатна средба. Ивица Дачиќ многу го почитувам и го ценам и како политичар и како човек. Снимањето навистина помина супер и тој целата ситуација ја прифати одлично, бидејќи е природен човек кој сака да се шегува, вели Бранка.
Ново на Сител
-
Малолетник загина по пад од мопед на излезот од Охрид
-
Народната банка и Централната банка на Германија ја продлабочуваат соработката за зајакнување на институционалните капацитети
-
Муцунски на средба со Македонците во Литлхамптон: Заедно градиме посилни врски и подобра држава
-
Одржана средба во Брисел за железничкиот Коридор 8
-
Најмалку 50 загинати во голем пожар во хипермаркет во Кут, Ирак
-
Колективна тужба од инвеститори против „Мета“ поради кршење на приватноста на податоците
-
Без вода корисниците од ул. Владимир Комаров во Аеродром, без струја делови од повеќе скопски општини
-
Ѓорческа поразена во второто коло на ВТА Челинџерот во Рим