Свет
22. December 2017 - 15:44

Пред 100 години е родена моќната руска тајна служба: Најопасна беше како КГБ, а потоа им дојде Путин и направи земјотрес

На петти декември 1917 година е формирана првата служба за безбедност во Русија под називот ЧЕКА, која со оперативна работа позна на 20 декември истата година.

Секако дека и пред тоа руските владетели имале свои шпиони и агенти во повеќето европски земји, но не постоела формално таква служба.За прв шеф на службата е поставен Феликс Едмундович Џержински. На чело на службата остана до 1926 година и спроведе две реформи кои резултираа и со промена на називот на службата во ГПУ 1922 и ОГПУ 1923 година.

Службата потоа често ги менуваше имињата, па беше НКВД и НКГБ дури и по два пати.

Сепак најпознатиот назив го добива во 1954 година за време на Иван Александрович Серов. Тогаш е формирана познатата КГБ (Комитет на државна безбедност) кој трае до 1991 година и познатата криза во СССР кога по наредба на раководството на земјата генералот Вадим Бакатин ја распушта КГБ порд сомнение дека нивните ресурски се користени во неуспешен преврат.

Доаѓа до распад на Советскиот Сојуз, цепкање на државата на повеќе мали, национални државички, а многу организации во светот кои беа под контрола и спонзорство на моќниот КГБ како што е движењето на Курдите во Турција, или Фарк во Колумбија останаа сами.

Голем дел од некогашните оперативци на КГБ станаа бизнисмени, тајкуни или пак водачи на руската мафија.

Од 1991 до 1995 година за безбедноста на Руската Федерација се грижеше Федералната агенција за безбедност РСФСР.

Современата руска служба каква што денеска ја знаеме под називот ФСБ (Федерална служба за безбедност) е создадена во 1995 година со трансформацијата на Федералната контраразузнавачка служба. Промени од корен и потреси во целата служба спроведе тогашниот нов шеф на КГБ, тогашниот искусен агент Владимир Путин...

Вистинската сила ФСБ ја добива во 1998 година со доаѓањето на Владимир Путин на нејзиното челно место. Тогаш настануваат промени од корен во управувањето но и во кадрите. За многу кратко време Путин отпушти голем број агенти и службеници. Беше тоа чистка за сите за кои постоеше и најмало сомневање дека се поврзани со странските служби, мафијата или компромитирани на било кој друг начин. Иако тогаш бил изложен на остри критики од старите генерали и политичари, позицијата и моќта која денеска ја поседува ФСБ говорат дека таквите резови биле оправдани.

Освен ФСБ, значаен фактор за безбедноста на Руската Федерација е и воената контраразузнавачка служба ГРУ (Главна разузнавачка управа) како и Надворешната разузнавачка служба СВР.

Интересен факт е дека во Белорусија службата за безбедност и натаму се вика по старо КГБ.