Пребеганите турски офицери во Грција остануваат во притвор
Осумтемина турски воени офицери кои по неуспешниот обид за преврат во Турција во јули минатата година пребегаа во Грција, ќе останат во притвор, иако Врховниот суд претходно го одби барањето на Анкара за нивна екстрадиција, реши денеска Суд во Атина.
Судот го прифати барањето на грчката полиција која смета дека офицерите треба да останат во притвор уште три месеци, се додека не бидат целосно разгледани нивните барања за азил во Грција и не се утврди дали тие евентуално претставуваат опасност за националната безбедност на земјата.
Офицерите, кои по пропаѓањето на пучот на 15 јули со хеликоптер побегнаа во Грција, бараа да бидат ослободени од притвор со образложение дека не се прогласени за виновни за никакво кривично дело.
Врховниот суд на Грција минатата недела од одби барањето на Анкара за екстрадиција на осумте офицери, прифаќајќи го како аргумент нивното стравување дека во Турција нема да добијат правичен судски процес и дека нивните животи би можеле да бидат изложени на опасност.
Ваквата одлука на Врховниот суд предизвика жестоки и гневни реакции на властите во Турција.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
На кулата на АЕК ќе има панорамски ресторан - сообраќај до врв на Водно не е опција
-
Повредени двајца пионери на Брегалница
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии