Празникот на сесловенските просветители одбележан во Прилеп

По повод празникот на сесловенските просветители свети Кирил и Методиј, денеска во прилепската црква која го носи нивното име - меѓу народот позната и како црквата „Параклис“, се одржа божествена литургија со која чиноначалствуваше владиката Петар.
Честитајќи им го големиот празник на верниците, владиката Петар рече дека пораката од денешниот празник е да ги паметиме учителите, просветителите македонски и сесловенски Свети Кирил и Свети Методиј и нивното слово што го проповедале.
- Тоа слово денека е стигнато до нас преку пишаниот збор и ние треба да го практикуваме, да го спроведеме и да се угледаме на нивниот живот. Денеска живееме во време на сеопшта криза, пред се морална, од која произлегуваат сите останати кризи. Бидејќи светителите ни оставиле прекрасен пример на достојни луѓе, ни оставиле и аманет, словото Божјо кое го проповедале и ние тоа да го правиме. Во наследство ни оставиле просвета и писменост, а ние сме должни да ги продолжиме тие аманети. Без нивната вера и слово нема иднина за нашиот живот и за татковината, рече владиката Петар.
Градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, кој присуствуваше на Божествената литургија им го честиташе името на оние кои го празнуваат денешниот ден.
- Св. Кирил и Методиј се едни од најголемите светители на христијанството, најмногу за македонскиот народ. Овој е голем ден за нашата држава и на сите православни христијани им го честитам празникот, им посакувам здравје, радост, љубов, успех и мудрост, изјави Ристески.
Ново на Сител
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
-

Намален прометот во индустријата во јануари
-

Пролетна акција за чистење во Скопје, институциите заедно за почиста и уредена урбана средина
-

Савески изгласан за нов државен јавен обвинител
