Празникот Илинден одбележан во Битола
Општина Битола државниот празник Илинден го одбележа со полагање цвеќе пред споменикот на илинденците, што се наоѓа во дворот на Храмот „Св. Недела“, како и пред споменикот на двата илиндена што се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“ во градот.
Пред делегациите од јавни институции, политички партии и здруженија на граѓани се обрати градоначалникот Тони Коњановски, кој посочи дека Илинден е еден од најголемите и најсветлите празници во македонската историја.
-Ова парче земја, пребогато со историја, традиција и култура, во минатото било подрачје на судири и аспирации, но токму преку денешнот празник, е искажан нашиот вековен стремеж за слобода, за рамноправност на нашиот идентитет, јазик и култура. Јасно и недвосмислено ги продолжуваме традициите на нашите претци, со голема почит кон нивното дело и положените животи. Пред нас е исправен нов предизвик, наречен иднина, во која посебно треба да ги истакнеме нашите човечки вредности на почит, слобода, разбирање, меѓусебна толеранција, чекорејќи кон видлив прогрес на заеднички успеси. Исправени сме пред новото време на непознати болести, економска и енергетска криза, војни, временски непогоди. Токму затоа, денешниот Илинден нека ни биде своевиден патоказ, низ кој преку идеалите на нашите Илинденци, ќе научиме како сите заедно, да стигнеме до нашата подобра иднина, да оставиме подобро утре за нашите поколенија, да бидеме столб за нивната сигурност, истакна меѓу другото градоначалникот Коњановски.
Ново на Сител
-
Една година Влада - отчет на премиерот Мицкоски
-
Бугарија го спори извештајот на ЕП за Македонија, Георгиев вели дека нема тежина
-
Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-
Годинава се очекуваат околу 24 милиони килограми тутун, неизвесно дали и сега ќе се откупува само во прва класа
-
Извештајот за Македонија утре на втор обид за гласање, Вајц не сака да го коментира исходот предвреме
-
Ново поскапување на дизелот, за една недела поскапе за 7 денари
-
Синдикатот на Клинички против решението на Алиу дел од вработените на клиниките да паркираат надвор од кампусот „Мајка Тереза”
-
СДСМ обвинува за блокада