-->
-->
Празни улици, затворени продавници – втор ден полициски час од 16 часот
-->

– Празни улици, затворени продавници и маркети, без вообичаената гужва за недела попладне. Ваква е сликата попладнево во Скопје откако Владата како една од мерките за борба против коронавирусот донесе одлука полицискиот час за време на викенд да почнува од 16 часот и да трае до пет часот следниот ден.
Она што може да се забележи се полициските патроли кои контролираат како се почитува полицискиот час, а доколку некој не ја почитува мерката, согласно законот ќе биде казнет.

Од ограниченото движење изземени се оние кои работат во смени, но за нив се издаваат посебни дозволи за сменска и ноќна работа. Изземени се и земјоделците кои одгледуваат раноградинарски култури и кои имаат неодожни активности поврзани со производство во пластеници, додека другите земјоделци како сточари, полјоделци и оние кои се занимаваат со овоштарство доколку имаат неодложни активности поврзани со земјоделското производство мора да се јават во подрачните единици на Министерството за да добијат дозвола.
Денеска е вториот ден од викендот во кој движењето е ограничено веќе од 16 часот, а веќе од утре согласно владината одлука, повторно полицискиот час ќе се помести од 21 часот до 05 часот.
Ваквата одлука Владата ја донесе на седница одржана на 25 март како една од мерките за справување со ширење на коронавирусот во земјава. Слични мерки имаат донесено и останатите држави од соседството кои исто така во моментот се справуваат со коронавирусот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Раст на БДП од 3,5 отсто во 2026 година и 3,8 отсто во 2027, инфлацијата годинава ќе биде околу 4 проценти
-

На ГП „Блато“ за четири месеци минале 496.705 патници или 49 отсто повеќе од истиот период лани
-

ЕУ лани регистрирала 540 обиди за странско мешање, често поврзани со Русија и Кина
-

Теорија на заговор: Синот на Доналд Трамп е патник низ времето
-

Интерпол: Речиси 270 лица уапсени во глобална акција против нелегални лекови
-

Десет фактори што го намалуваат ризикот од деменција и мозочен удар
-

Стојанче Јовановски осуден на 12 години затвор
-

Муцунски: Во овој момент услови за уставни измени нема
