Право на 100 евра државна помош имаат пензионерите кои починале по 27 септември
Пензионери кои починале во изминатите три месеци од годината се најдоа на списокот на граѓани кои добиле државна помош од 100 евра за купување домашни производи, објави Плусинфо. Семејствата на починатите се во дилема и не се сигурни дали парите треба да ги врата или да ги искористат.
Директорката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Билјана Јовановска, вели дека Фондот го има доставено списокот на пензионери кои биле живи и ја остариле пензијата заклучно со 27 септември 2020 година како што е предвидено со Законот за финансиска поддршка на граѓани со низок доход.
– Наша обврска беше да го доставиме списокот на пензионери кои оствариле пензија заклучно со 27 септември, односно со месец август годинава. Ние тој список и го доставивме. Значи, пензионерите кои биле починати по овој датум тогаш биле живи и примиле пензија и затоа се на списокот. А дали семејствата на оние кои починале по 27 септември или оние кои починале во август и септември, не можам да кажам. Владата ги обезбедува парите за поддршката на пензионерите со ниски пензии и таа треба да заземе став дали семејствата на овие пензионери ќе можат да ги користат парите или ќе треба да ги вратат. Но, едно е сигурно, парите, доколку по закон им следува поддршката, ќе бидат префрлени на жиро-сметката на пензионерот која е блокирана од банката и е предмет на оставинската постапка – вели Јовановска.
Од Владата не негираат дека на списокот да се нашле и починати пензионери бидејќи рокот за доставување на списоците е до 27 септември кога беше планирано да почне да се реализира мерката.
– Да се стекнат со право на финансиска поддршка имаа корисниците на пензија на кои заклучно со 27 септември 2020 година им е извршена исплата на пензија и во тој момент биле живи. Законот е донесен на 07.12.2020 година, во меѓувреме доколку почине пензионер, не му се одзема правото за помош, средствата остануваат на семејството. Во групата за финансиска поддршка се внесени корисници на пензија кои се државјани на Република Македонија евидентирани во Фондот на пензиско и инвалидско осигурување заклучно со 27 септември 2020 година кои за јануари-август 2020 година оствариле доход по основ на пензија не поголем од 120.000 денари односно месечен износ на пензија од најмногу 15.000 денари – велат од Владата.
Мерката е дел од Четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на ковид-19 донесен од Владата во септември годинава.
Финансиската поддршка во износ од 6.000 денари е наменета за речиси 300.000 граѓани од ранливите категории.
Ново на Сител
-
ФИФА го казни Шкупи
-
Нетанјаху ќе биде опериран во подземна сала поради опасност од ракетен истрел
-
Пронајдени десет мигранти во две товарни возила на граничниот премин Богородица
-
Постапка против десет лица за кривични дела поврзани со криумчарење возила
-
Во Јужна Кореја прогласена седумдневна жалост поради авионската несреќа
-
Коцевски: Од страна на Јавното обвинителство не протекуваат информации
-
Трент не го известил Ливерпул дека ќе премине во Реал
-
Почина Јагнула Куновска, македонска политичарка и адвокатка