Правниот тим на жртвата на насилството од двете момчиња ќе бараат во законите да се имплементира Истанбулската конвенција

Законот во делот за судење по скратена постапка за насилство мора да се менува. Ова е ставот на невладината Ехо и на адвокатот Билјана Андонова, откако насилниците што во јануари тепаа девојка, а делото си го снимаа со мобилен, ќе бидат на слобода најмалку до септември.
Билјана Андонова адвокат и дел од правниот тим на жртвата за МИА вели дека ова е доказ за слабоста на ова законско решение.
-Ние како правен тим и здружение ЕХО ќе бараме од државата во законите целосно да се имплементира Истанбулската конвенција за заштита од насилство. Овој предмет изнесе една очигледна слабост, што ние ќе бараме да се промени, вели Андонова.
Штипска Апелеција на 25 јуни ја потврди казната од по два и пол години затвор, но и покрај правосилноста на пресудата тие поради владината уредба со која отслужувањето на казни затвор до три години се одлага до септември, ќе бидат на слобода. Од правниот тим на девојката велат дека има допнителни мерки за заштита, насилниците не смеаат да и се приближат на девојката уште една година
Адвокатот, Валентин Зафиров на двете момчиња смета дека момчињата нема да се закануваат за девојката, бидејќи на тој начин ќе сторат второ кривично дело.
Ново на Сител
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
-

Тема на денот со Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
-

ЕУ разгледува можност за постепено интегрирање, Муцунски бара да нема билатеризација
-

Опозицијата обвини за блокади - Власта за предавство
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
