Правниците, а не адвокатите да ги застапуваат фирмите
Работодавачите ги оспоруваат законите за извршување и нотаријат со кои само адвокатите, а не и правните лица кои работат во компаниите можат да ги застапуваат истите во нотарски и постапките за извршување кои надминуваат 10.000 евра.
На овој начин правниците се ставаат во подредена и дискриминирачка позиција во однос на адвокатите, велат работодавачите, а истовремено се зголемуваат трошоците на стопанството.
Порачаа дека обезбедиле поддршка од најголемите комори, голем број компании, како и од нотарите и извршителите, за нови предлог измени на законите кои ќе се достават до нова валда и собрание.
Измените кои стапија на сила од почетокот на годината веќе влијаеле врз обемот на работа на нотарите. На денешната дебата се отворило и прашањето за нивната уставност.
Работодавачите тврдат дека со измените на законите правниците кои работат во нивните компании се сведени на обични писари и исклучени од правниот поредок на земјата.
-
Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар