Македонија
10. April 2019 - 16:07

Правда го чека ВМРО-ДПМНЕ за да продолжат преговорите за СЈО

По лидерската средба Мицковски – Заев, неизвесно е кога преговарачките тимови на власта и опозцијата предводени од министерката Рената Дескоска и адвокатот Тони Менкиноски ќе продлжат со разговорите околу новиот закон за обвинителство.

„Се чека ВМРО-ДПМНЕ да достави предлог за клучните разлики, а кој ќе биде во согласност со европските препораки. Штом ВМРО-ДПМНЕ бидат подготвени со предлог ќе има и средба. Тоа зависи од нив“, коментираат од министерството за правда.

И покрај тоа што власта попушти за тоа бомбите да не се користат како докази во судските постапки, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ се уште не можат да постигнат договор за тоа дали да постои и како ќе работи специјалното јавно обвинителство.

Според преговарачки извори, власта инсистира СЈО да биде бвинителство во рамките на државното со тоа што за неколку години ќе ги преземе и ингеренциите на обвинителството за организиран криминал и корупција. Опозицијата пак, бара СЈО да се претопи во обвинителско одделение. Од ВМРО-ДПМНЕ  ставаат црвена линија за нограниченото финансирање на СЈО. Несогласување има и за тоа дали на чело на тимот треба да  остане Катица Јанева.

Официјално двете страни велат дека не можат да откриваат детали од преговорите.

 „Ако власта сака да имаме правна држава тогаш нашите забелешки за законот за јавното обвинителство ќе бидат прифатени...во партијата не може да се чувствуваат задоволни поради тоа што се прифаќаат нивни забелешки бидејќу како што вели, правната држава е нешто што мораме да го имаме и тоа не може да биде причина за задоволство и покрај условите во кои функционира системот“

 „Специјалното јавно обвинителство не заминува воопшто во историјата и не е точно дека во разговорите со опозицијата кога било се заклучило дека СЈО повеќе нема да функционира. Напротив, СЈО ќе функционира...Се согласуваме дека законот не го пишуваме за нас, туку за граѓаните. Намерата е да имаме двотретинско мнозинство, овој закон да биде тој што ќе не забрза на патот кон Европската Унија за да го добиеме датумот“

И покрај разликите двете страни да се отимисти дека може да се дојде  комплетно законско решение, но по 6 мај односно по претседателските избори.