Пратеникот Тимчо Муцунски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Аеродром
Пратеникот Тимчо Муцунски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник во скопската општина Аеродром на претстојните локални избори.
Кандидатурата на Муцунски, кој е и секретар за меѓународна соработка на партијата, доаѓа како изненадување, со оглед на тоа што досега во јавноста се споменуваа други имиња.
Тој за главен ривал во Аеродром ќе го има Александар Филиповски, дипломиран економист и поранешен пратеник, како кандидат на СДСМ. Левица, пак, најави дека во Аеродром ќе оди со Весна Кираџиева, дипломиран криминалист и атлетски репрезентативец.
32-годишниот Муцунски е доцент по римско право на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје. Со оглед на тоа што потекнува од семејство на кариерен дипломат, основното образование го завршил во САД, а средното во Канада. Важи за политичар со добри меѓународни релации.
Политичките партии имаат рок до 11 септември (сабота) на полноќ за поднесување на листите со кандидати за градоначалници и советници.
Ново на Сител
-
Мицкоски: До стратешката цел со помош на стратешкиот партнер
-
Преглед на вестите од светот
-
Ново рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Коцевски го доби предлогот за негово разрешување - тврди дека нема правен основ
-
Маржи и до 70% откриени кај дистрибутери - пазарна на терен
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека се во координација со ССМ
-
Трет правосуден форум за родова еднаквост во Западен Балкан
-
Таравари: Владата ќе реши дали албанска компанија ќе го земе паркингот кај Клиничкиот центар