Свет
27. September 2017 - 10:27

Пратеник нокаутирал колега во украинскиот парламент

Tепачка меѓу пратениците во Киев.

Во Киевскиот окружен совет, претставник на претседателската фракција на Блокот на Петро Порошенко – „Солидарност“, нокаутираше свој колега.

-Инцидентот се случи за време на седницата во која беше дискутирано прашањето за распределба на буџетот, пишуваат украински медиуми.

Во текот на дискусијата, човекот го нападнал окружниот советник и со еден удар, го срушил на земја. Тој бил однесен во болница, а полицијата влегла во салата.

Според локалните изданија, пратеникот-напаѓач ќе одговара кривично.