Пратениците втор ден дебатираат за минималната плата
Сите ветија дека на крајот ќе гласаат, ама засега од долгите говори не се откажуваат.
Пратениците втор ден дебатираат за минималната плата. За пратениците од власта, законот за минимална плата од 18.000 денари ќе го подорби животниот стандард на граѓаните во екот на кризата. За опозицијата ваквото решение само гаси пожари, не решава проблеми.
За владејачката партија, новиот минималец е за 100% повисок од тоа во време на ВМРО, покрива две синдикални кошнички и е меѓунајвисоките во регионот.
За опозицијата, новиот минималец ќе донесе поголема плата за 13% од најслабо платените граѓани, а сите останати се оставени сами да се борат со растечката инфлација.
Додека трае дебатата за минимална плата од 18.000 денари, просечната стигна до 29.943 денари. За еден месец таа пораснала за над 800 денари односно сега фали само едно евро до изборното ветување на прсечна плата од 30.000 денари.
-
Наташа Хаџиспиркоска Стефанова
Сите содржини од овој новинар