Пратениците утре ќе работата и покрај протестот на ССМ

Нема оддлагање на утрешните собраниските активности и покрај тоа што од ССМ највија протест пред парламентот и блокада на влезовите со цел пратениците да не дојдат на своето рабптно место и да наплатат патни трошоци, информираше собранискиот спикер Гаши.
Тој утринава побарал од координаторите на пратеничките групи да им укажат на пратениците да најдат начин утре да стигнат на своето работно место без да биде нарушено правото на протест.
Дополнително направена е координација и со началници на МВР за безбедносна проценка на ситуацијата.
На координација не било зборувано за двете законски решенија за ССМ за повисока минимална плата и за кратење на функционерските плати. Гаши, дава поддршка за поголема благосостојба на граѓаните, но вели и дека се работи за комплексно прашање поврзано со економска оправданост.
Утре на дневен ред се неколку собраниски комисии и нова собраниски седница. Пратеничките активности почнуваат во 10.00 часот.
Ново на Сител
-

Пристигнаа првите „Страјкери“ од САД
-

Продолжува судењето за Пулс
-

Македонија останува безбедна
-

Над 1000 казни за 2 дена
-

Повеќе можности за студентите, заедничка призната диплома на повидок
-

Македонски Каритас започнува проект од половина милион евра за подобрување на животната средина во седум општини од југоистокот
-

Трета година по ред ООУ Кочо Рацин од Прилеп организира еко акција за пошумување
-

Преглед на вестите од светот
