Loading Video...
Бизнис
10. December 2021 - 16:38

Пратениците со спротиставени ставови на расправата по дополнетиот предлог буџет

Буџет кој ќе го продлабочи дефицитот, со кој значително ќе порасне долгот, а граѓаните ништо нема да добијат. Опозицијата на првиот ден од расправата,  со остри критики  за тоа како е скроена држваната каса за идната година.  Велат дека освен што нема да придонесе за раст и е најгломазен буџет до сега, во него се проектирани нереално високи капитални инвестиции, а нема предвидено средства за спрабување со енергетската криза.

Од власта во одбрана на буџетот - со него значително ќе се  намалат непродуктивните трошоци. Ќе помогне за заздравување на македонската економија, затоа што е креиран врз основа на глобалниот раст.

Со буџетот за 2022 државата планира да потроши 4, 4 милилјарди евра, а да собере 3, 8 милијарди евра. За капитални проекти предвидени се над 600 милиони евра или околу 30 проценти повеќе од годинава.  Дефицитот е проектиран на половина милијарда евра и е највисок до сега, а предвиден е раст од 4, 6 проценти.  Речиси сите министерства со овој буџет ќе добијат повеќе пари. Расправата во Собранието ќе трае пет дена, пред тој да биде изгласан.

.