Пратениците се враќаат на работа по августовскиот одмор, првата седница закажана за 2 септември

Со одржувањето на денешната работна сесија на Советот на амбасадорите, на која ќе се обрати претседателот на Собранието, Африм Гаши, пратениците се враќаат во собраниските клупи по августовскиот одмор. Првата нова пленарна седница на парламентот е закажана за 2 септември.
На собраниската веб-страница на 25 август се најавени две средби на претседателот на Собранието, Африм Гаши, со турскиот амбасадор Фатих Улусој и со постојаната координаторка на ОН, Рита Колумбија. Од Кабинетот на Гаши велат дека тој постојано е на работа иако официјално пратениците се на одмор.
На 121. седница закажана за 2 септември на дневен ред се 53 точки, меѓу кои именување вицегувернер на Народната банка, ратификации, предлог-закон за пријавување и проверка на странски директни инвестиции (*), во прво читање, предлог на национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата 2026-2030 година, како и закони по скратена постапка, главно усогласувања со новиот Закон за високи раководители.
Редовната летна пауза на Собранието е од 1 август, иако дел од пратениите имаат активности и за националниот празник Илинден, кој се одбележува на 2 август.
МИА
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
