Пратениците расправаат за избор на заменици на генералниот секретар на Собранието
Со точката за избор на тројца нови заменици на Генералниот секретар на македонското Собранието на Република Македонија пратениците го почнаа денешното продолжение на 8. седница, која беше прекината пред изборите.
Претседателот на Собранието Талат Џафери информираше дека во меѓувреме е повлечена кандидатурата на Ермира Асани Салија, еден од тројцата кандидати, кои ги предложи Комисијата за прашањата на избори и именувања. Другите двајца канидидати се Мики Милковски и Маријана Кацарска.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека изборот на петмина заменици на генералниот секретар на македонското Собрание е создавање дополнителни трошоци, и како што рече, е резултат на потребата за задоволување на внатре коалициските потреби на СДСМ, на потребите на владината коалиција, но и на парламентарното мнозинство.
Никогаш досега, рече тој, генералниот секретар немал повеќе од тројца заменици и затоа барам претседателот на Собранието Талат Џафери, не формално правно, туку политички, да им укаже на пратениците од мнозинството дека тоа не е во ред. Побара да се запре постапката да се смени Законот за Собранието на РМ, да се предвидат процедури и критериуми за избор на заменици на генералниот секретар.
Зоран Илијоски се согласува со неговиот сопартиец дека нема потреба од зголемен број заменици на генералниот секретар, со оглед на тоа што не е зголемен обемот на работа во Собранието. Ова, рече, е јасна порака и чиста партизација на овој дел од собраниските служби.
Собранието треба да продолжи со работа во 15 часот, по редовната пауза на пратениците.
Ново на Сител
-
Илиоски со златен медал на Европското кикбокс првенство во Атина
-
Кремљ: Путин е подготвен да разговара за Украина со Трамп, но не ги менува своите барања
-
Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години
-
Гробница првпат отворена по 2500 години, презентирани вредните наоди откриени во охридско-струшкиот регион
-
„Фолксваген“ повлече над 114.000 возила во САД
-
Силен земјотрес регистриран во Чиле
-
Министерство за енергетика: Распределбата на ваучери се одвива според предвидената динамика
-
Американците гуглаат како да заминат од земјата по победата на Трамп