Пратениците расправаа за именување на член на РКЕ

Пратениците попладнево ја продолжија 39-та седница и расправаа за Предлогот за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија. Гласањето за оваа точка дополнително ќе биде закажано.
Пратениците од власта и од опозицијата имаа спротивставени ставови за предлогот Андреј Тасев да биде член на РКЕ. Пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека Регулаторна комисија за енергетика има задача да биде независна и да ги штити потрошувачите, а не, како што велат, да ги штити интересите на СДСМ. Според нив, СДСМ спротивно на законот ќе постави партиски функционер за член на Регулаторна комисија за енергетика.
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски смета дека продолжува, како што рече, дрското и бесрамно спроведување на политиките на СДСМ во енергетиката и пополнување на клучните места во енергетскиот сектор со нестручни и некомпетентни лица со искуство кое што го бара законот.
– Согласно Законот за енергетика, тој што ќе биде предложен во оваа комисија не смее да има партиска функција. Предложениот Андреј Тасев кој треба да биде член на РКЕ, седи до Зоран Заев, но и носител на листа на СДСМ за Дојран во 2001 година и во два мандата бил советник на СДСМ, што е спротивно на Законот. Тасев го има и на список на централниот одбор на СДСМ. Човекот кој треба да стане дел од РКЕ има актуелна партиска функција, рече Стојаноски.
Тој ги повика Државната комисија за спречување на корупција и сите надлежни органи да не дозволат вакво нешто да се случи и додаде дека овој кандидат не ги исполнува условите да биде член на РКЕ.
Пратениците од СДСМ посочија дека Андреј Тасев е вистинскиот кандидат за ова место и забелешките на ВМРО-ДПМНЕ за нив се неосновани и необјективни. Тие нагласија дека Тасев има соодветно високо образование, работно искуство и е стручен за областа за која се предлага. Потврдија дека во два мандати бил член на Советот на Општина Дојран и работел, како што велат, за интересите на сите граѓани и бил претседател на УО на ЈПКД „Комуналец Полин“ од Стар Дојран.
Седницата ќе продолжи утре на пладне.
Ново на Сител
-

Автобуските превозници ќе се приклучат на протестите на камионџиите ако не се најде поволно решение
-

Уапсен 28-годишен кумановец баран за издржување затворска казна од 3 години
-

До петок облачно со повремен дожд, а на планините снег
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“
-

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето (ДПЛ)
-

Мисајловски: Годинава пристигнуваат сите 42 борбени возила „Страјкер“ за Армијата набавени од САД
-

Невремето затвори 242 училишта во Северна Ирска, главните патишта блокирани
-

Уапсен возач од кратовско, возел со 3,19 промили алкохол во организмот и излетал од патот
