Пратениците од грчката партија Спартанци под сомнение за можна изборна измама

Целата пратеничка група на грчката радикално десничарска партија Спартанци, односно сите 11 пратеници со исклучок на претседателот, ќе бидат повикани да дадат објаснувања пред Обвинител под сомнение за можна изборна измама, објави грчките медиуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Обвинителката од Врховниот суд на Грција преку документ до Парламентот побарала дозвола пратениците да бидат повикани да дадат објаснувања бидејќи на парламентарните избори во јуни годинава , покрај нивната официјална поврзаност со партијата Спартанци, сепак, се чини дека имале поддршка и директно водство од осудениот поранешен пратеник на Златна зора Илиас Касидиарис, кој моментално е во затвор.
Во документот на обвинителката пишува дека пратениците всушност биле избрани од Касидиарис, а не од претседателот на Спартанци Василиос Стигас и дека како вистински водач го имале осудениот, кој им давал насоки од затвор.
Касидиарис се обиде да учествува на изборите со неговата партија, меѓутоа не доби зелено светло поради новиот закон што не дозволува осудени лица да достават кандидатура, а преку Спартанци се обиде да ги заобиколи изборните ограничувања.
На изборите во јуни партијата Спартанци освои 4,68 отсто од гласовите и доби 12 пратенички места.
Ново на Сител
-

Трамп: Ормуската Теснина е исчистена од мини, секој што ќе постави нови ќе биде уништен
-

Почина Доли Партон
-

Канада воведува нови царини за американските производи, трговската војна се заканува да ги погоди и Американците
-

Акција за отстранување хаварисани возила во општина Карпош
-

Лавров: Москва и Ватикан го зачуваа дијалогот заснован на заемна почит и доверба
-

ЦУК: Осум активни пожари, еден под контрола, а 14 се изгаснати
-

Федерер не планира враќање на тенисот
-

„ОпенАИ“ откри разгранета мрежа за влијание што ги прикривала руските траги
