-->
-->
Пратениците на „Српска листа“ повторно седнаа во пратеничките клупи на косовското Собрание
-->
По речиси шестмесечен бојкот, пратениците на „Српска листа“ денеска присуствуваат на седницата на Собранието на Косово, јави Танјуг.
Враќањето во пратеничките клупи пред деколку дена го најави шефот на „Српска листа“, Славко Симиќ, кој рече дека се враќаат за да „ги искористат сите можности за спречување на формирањето на косовската војска и на Приштина да и ги скратат изговорите за неформирањето на Задницата на српски општини“.
На денешната седница на косовското Собрание, освен српските пратеници, присуствува и министерот за заедници и враќање, Далибор Јевтиќ, пренесе Радио КиМ.
На дневниот ред на денешното заседание меѓу шеснаесетте точки се наоѓа и изборот на еден член на Судскиот совет на Косово од редовите на српската заедница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори