Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ:Повторно ќе застанеме зад интересите и барањата на мајките
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“, ја поздравуваат и поддржуваат истрајноста и решителноста на мајките ширум Република Македонија кои што како што најавија собрале на 11 000 потписи за продолжување на породилното отсуство.
Потсетуваме дека како пратеници и предходно ја поддржавме оваа граѓанска иницијатива која што беше одбиена од пратениците на СДСМ и истовремено како поддршка поднесовме Закон кои што ги содржеше истите барања од иницијативата која што СДСМ ја одби. Се разбира, пратениците од владеачкото мнозинство исто како и иницијативата го одбија и законот кој што требаше да овозможи продолжување на подорилното отсуство на идните мајки.
Како пратеници од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ повторно ќе застанеме зад интересите и барањата на мајките и се надеваме дека овој пат СДСМ ќе собере храброст и посериозно ќе се вложи заедно со нас и со граѓаните да го исполни ова барање бидејќи очигледно е од голем интерес кај граѓаните кои што планираат принова во своите семејства.
Сметаме дека собраните над 11 000 потписи се доволен и сериозен показател дека за оваа проблематика мора да се отвори детална и сериозна дебата во Собранието на Република Македонија и низ аргументи да се издејствува продолжување на подорилното отсуство во Република Македонија.
Уште еднаш ги охрабруваме пратениците од СДСМ да застанат на страната на граѓаните во случајот мајките и наместо партиските интереси да ги бранат интересите на оние кои што ги гласале и оние кои што ги преставуваат во Собранието, а тоа се граѓаните на Република Македонија.
Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Јамал во Барселона до 2031 година
-
ЕК: ЕУ се приближува до климатската цел за 2030 година
-
Дводневен штрајк на таксистите во Атина
-
Зеленски во Берлин на средба со германскиот канцелар Мерц
-
Русија пресретнала над 100 украински дронови
-
Приведен 46-годишник баран по две централни потерници за вкупна казна затвор од една година и 11 месеци
-
Физички пресметки меѓу навивачите на Бетис и Челзи пред финалето на Конференциската лига
-
Бесир Шабани нов член на Надзорниот одбор на „Македонска Навигација“ – М-НАВ