Македонија
27. November 2025 - 16:42
Пратенички прашања: Судство, ИПАРД фондови, ЕУ интеграција
Жално е што реформите во судството кое не ужива доверба кај граѓаните се сведува на пари, смета премиерот Мицкоски кој денеска одговараше на прашање за реформите и буџетот на правсудството. Дополнително, Мицкоски вели дека ако им се одобрат нивните барања не само што ќе имаме најплатено судство и обвинителство во Европа, туку тоа нема да го издржи ни државниот буџет.
Премиерот одговараше и на владејачко прашање и за ЕУ-интеграцијата. Го повтори ставот за уставните измени, а за реформската агенда вети забрзано темпо после изборите.
За случувањата со ИПАРД средствата одговараше пак, министерот за земјоделство Трипуновски.
Ова се првите пратенички прашања по изборите. Наредните ќе бидат точно пред Нова година.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
