-->
-->
Пратеничката група на СДСМ бара итна седница за поплавите
-->
Пратеничката група на СДСМ денеска до Собранието достави барање за одржување итна седница со една точка на дневен ред: Состојбата во подрачјата погодени од временските непогоди кои се случија на 6 август 2016 година во околината на градот Скопје.
Пратеникот Петре Шилегов на прес-конференција рече дека тие предлагаат и конкретни заклучоци со мерки што треба ваднаш да бидат преземени за им се помогне на граѓаните.
- Собранието мора да расправа за оваа состојба и што е уште поважно пратениците мора да ги донесат предложените заклучоци за да се исполнат условите за задоволовување на минималните потреби на граѓаните кои се погодени од временските непогоди, рече Шилегов.
Ги повика сите пратенички групи и пратеници во Собранието да го поддржат нивното барање.
Запрашан за тоа како ја оценуваат состојбата на терен во поплавените подрачја Шилегов рече дека СДСМ бележи сериозен корпус на недостатоци од организациски аспект дури и во делење на хуманитарната помош, но свесно не се подигаат на политичко ниво затоа што сега е најнеопходно да се санираат последиците од невремето.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Светските лидери пристигнуваат на идниот самит во рамките на Генералното собрание на ОН
-
Николовски: Цариниците ќе добијат 60 боди камери од САД
-
Пронајдена дрога при претрес во дом на 40 годишен жител на Штип
-
Почнува есента
-
Неверојатни сцени на Вембли - Дубоа го нокаутираше Џошуа | ВИДЕО
-
Трамп смета дека е предоцна за уште едно телевизиско соочување со Харис
-
Следната недела во Њујорк самит за успорување на климатските промени
-
Про-ирански групи во Ирак презедоа одговорност за напад со беспилотно летало врз Израел